Достапни линкови

Дрим тимот ги „згази“ Нигериците со рекорни 83 поени разлика


Американскиот кошaркарски дрим тим постави нов рекорд на Олимпските игри во Лондон за најмногу постигнати поени на натпревар, за највисока победа и најмногу тројки. Американските кошаркари го постигнаа рекордот во натпреварот со Нигерија извојувајќи победата со резултат од 156 спрема 73. Досегашниот рекорд за најмногу постигнати поени на Олимписки натпревар беше победата на Бразил над Египет од 138:85 во Сеул во 1988 година.
XS
SM
MD
LG