Достапни линкови

Берзански шок во светот по најавените мерки на ЕЦБ


Берзите доживеа шок по падот на вредноста на акциите во Европа и САД по изјавата на претседателот на Европската Централна банка Марио Драги. Тој изјави дека банката е решена да ја поддржи борбата за спас на еврото и дека во наредниве неколку недели ќе излезе со детали од планот. Драги додаде дека ќе биде поддржано се што е потребно да се зачува еврото како стабилна валута. Тој истакна дека помошта што ќе ја нуди банката ќе им биде доделена на владите кои ќе треба да преземат одредени обврски и мерки. Шпанската и италијанската берза, забележаа пад на вредноста на акциите за 5 проценти, при што трошоците за позајмување на двете земји нагло се зголемија, а вредноста на еврото падна во однос на доларот.
XS
SM
MD
LG