Достапни линкови

Let’s talk about corruption baby!


Марија Мирчевска, Младински образовен форум.

Марија Мирчевска, Младински образовен форум.

Во едно од истражувањата кои ги реализираше МОФ, над 60 отсто од испитаниците одговориле дека познаваат некој кој користел партиски, роднински или пријателски врски при упис на факултет, додека само 31 отсто од испитаниците би пријавиле доколку се запознаени со случај во кој некој нуди пари, услуги или подароци на член на факултетската администрација при процесот на упис, што зборува дека македонските студенти имаат висок праг на толеранција кон појавата на корупцијата, пишува Марија Мирчевска од Младинскиот образовен форум во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Корупција - сите знаеме дека постои, никој значително не се вознемирува. Веројатно корупцијата станува дел од нашиот ментален склоп како прифатливо социјално однесување. Повеќе не размислуваме како да ја отстраниме, напротив се конформираме обидуваќи се да станеме што е можно поуспешни во користењето на личните придобивки од неа.
Ме плаши оној момент кога и нашиот социјален капитал, односно познанствата ги сметаме како идни инвестиции. Не влегуваме во социјален контакт со некој само затоа што делиме исти интереси, или затоа што тој некој поседува генијална смисла за хумор. Влегуваме во интеракции со луѓе кои сметаме дека може да ни се најдат кога ќе ни треба ургенција, помош да ја заобиколиме процедурата, да го скокнеме редот, да договориме ручек со некој повисоко на скалата на хиеархија.

Ме плаши оној момент кога и нашиот социјален капитал, односно познанствата, ги сметаме како идни инвестиции. Не влегуваме во социјален контакт со некој само затоа што делиме исти интереси, или затоа што тој некој поседува генијална смисла за хумор. Влегуваме во интеракции со луѓе кои сметаме дека може да ни се најдат кога ќе ни треба ургенција, помош да ја заобиколиме процедурата, да го скокнеме редот, да договориме ручек со некој повисоко на скалата на хиеархија.

Од аспект на реализирање на индивидуалниот интерес, дискутабилно е колку и навистина корупцијата носи придобивки. Можеби ќе успеете да добиете работно место, но тоа работно место никогаш нема да виде репрезент на вашите интелектуални капацитети или работни вештини. Да постоеше можност да бидете санкционирани доколку не ги исполните очекувањата, да речеме дека штетата некако ќе беше компензирана (никогаш не и целосно, затоа што на оној кој е квалификуван, а не го добил работното место најверојатно сте му го успориле професионалниот развој). Но не, се креира еден синџир на корупција, каде оној кој ви излегол во пресрет, сега ве има вас како свој должник. И вие ќе го скокнете редот за него, ќе ургирате каде е потребно, ќе го платите ручекот каде тој ќе издејствува корист од некој трет. И така принципот „натими-дајми“ станува самоодржлив.

Од аспект на општествениот интерес, тука може повторно да си играме математика. Ќе го земам за пример високото образование. Во едно од истражувањата кои ги реализираше МОФ, над 60% од испитаниците одговориле дека познаваат некој кој користел партиски, роднински или пријателски врски при упис на факултет, додека само 31% од испитаниците би пријавиле доколку се запознаени со случај во кој некој нуди пари, услуги или подароци на член на факултетската администрација при процесот на упис, што зборува дека македонските студенти имаат висок праг на толеранција кон појавата на корупцијата.

Мене ми делува дека всушност врските ни се нам најомилена форма на корупција, преку вршење на услуги, веројатно затоа што повеќето од нас веројатно не ни можат да си дозоволат финансискат компензација имајќи го во предвид просечниот животниот стандард.
Во друго истражување на тема поткуп во високо образование, 32% одговориле дека поткуп може да понуди само оној има врски или во кој профсорот или медијаторот имаат доверба. Иронично е веројатно што денес дури и да сакаш да понудиш пари на некој мораш да имаш врски, што по дефиниција е корупција. Мене ми делува дека всушност врските ни се нам најомилена форма на корупција, преку вршење на услуги, веројатно затоа што повеќето од нас веројатно не ни можат да си дозоволат финансискат компензација имајќи го во предвид просечниот животниот стандард. На прашањето, пак, зошто идните студенти се вклучуваат во корутивни активности при процесот на упис, 87% одговориле поради притисок од родителите.

Повторно се враќам на заклучокот од воведот. Првиот избор никогаш не е да го пријавиш оној за кој имаш информација дека е вклучен во коруптивни активности, напротив во конкретниов случај на родителот му е полесно е да сврти пар телефони, да се види со другарот од средно во чие име полагал хемија па се уште му должи услуга (додека сме тука и препишување е форма на корупција, драги студенти), на слава уз ракија да му спомене на братучедот „дај бе да го упишеме малиов на факултет, да го направиме човек”. Или имајќи предвид дека четвртина од македонската популација има партиска книшка, неретко партиските штабови служат како логистички центри ако сакате да учествувате во корупција.

Ова беше евидентирано во истражувањето за појава на корупција при доделување на студентски легла. 62% од исптаниците кој се сместени во студентски домови сметаат дека политичките партии се најчести иницијатори при доделување на легла во домовите. Но да се вратиме на информацијата дека родителите се тие кои стимулираат вакво поведение. Коруптивното однесување како да е семеен аманет. Од кого да ги влечеме етичките вредности врз чија основа го моделираме нашето однесување, ако не од најблискиот колектив семјството?

Појавата на корупција во високо образование ја намалува вредноста на дипломата. Вашата диплома не е репрезент на знаењето кое го имате акумулирано. Ако сте платиле за поголема оценка, ако сте успеале да стигнете до прашањата што ќе паднат на испит, ако сте дале вашиот труд да го напише личноста што го поседува бројот закачен пред читална каде експлицитно стои наслов „Пишувам семинарски трудови, цена 30 денари по страна”, вие не сте си направиле услуга сами на себе, а ниту на општеството.
Да ги разгледаме општествените последици кои би ги анализирала во конкретниот случај од аспект на високото образование, за колку-толку да се заштитам од претерана генерализација.

Појавата на корупција во високо образование ја намалува вредноста на дипломата. Вашата диплома не е репрезент на знаењето кое го имате акумулирано. Ако сте платиле за поголема оценка, ако сте успеале да стигнете до прашањата што ќе паднат на испит, ако сте дале вашиот труд да го напише личноста што го поседува бројот закачен пред читална каде експлицитно стои наслов „Пишувам семинарски трудови, цена 30 денари по страна”, вие не сте си направиле услуга сами на себе, а ниту на општеството. Единствено што сте направиле е да си дозволите неподготвени да излезете на пазарот на труд. Но во нашиот случај корупцијата го има еродиранои пазарот на труд.

Не е ни чудно што јавната администрација е неефикасна. Ако е вистина дека партиската книшка е онаа која вам ќе ви обезбеди работно место, тогаш каков стимул имате вие да го дадете најдобото од себе? Корупцијата го негира принципот на пазарна конкуренција, што доведува до моментот на неефикасност. Не би се осмелила да тврдам дека приватниот сектор е имун на оваа појава. Но ќе се осмелам да тврдам дека никој сериозно не се позанимавал да го истажи и анализира феноменот на корупција во приватниот сектор. Само затоа што не збориме на оваа тема, не значи дека оваа појава не постои.

За крај и правната заштита е релевантна варијабила во оваа равенка. Непостоењето на ефикасна правна регулатива се коси со демократскиот принцип - дека ова општесво ќе нуди еднакви можности за успех на сите. Тоа значи дека правилата на игра на принцип на недискриминација ќе се применат врз секој. Успехот треба да е базиран врз основа на квалитет, кративност, посветеност, а не квантитетот на познанства.
XS
SM
MD
LG