Достапни линкови

Амбасадорите на чествување на Илинден на Мечкин Камен


На Мечкин Камен по повод 109 годишнината од Илинденското востание почит кон Македонија и националниот празник, изразија 20-ина амбасадори и претставници на дипломатските претставништва во Македонија.

Тие положија венци и свежи цвеќиња на споменикот на Мечкин Камен, оддавајќи им почит на загинатите илинденци.

На прославата, меѓу другите присуствуваа амбасадорите на САД Пол Волерс, на Велика Британија Кристофер Ивон, на Кралството Холандија Мариет Шурман, на Германија Гудрун Штајнакер и повеќе акредитирани воени аташеа.
XS
SM
MD
LG