Достапни линкови

Србија ќе бара нов кредит од ММФ


Српскиот министер за финансии Млаѓан Динкиќ денеска изјави дека неговата земја ќе побара преговори за нов кредит од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) наместо да се обидува да го оживее аранжманот суспендиран претходно. ММФ во февруари го суспендираше кредитот за Србија, велејќи дека претходната влада во Белград не успеала да ги намали трошоците на договорените граници. Динкиќ рече дека Белград веќе поканил претставници на ММФ да разговараат за нов кредит. Министерот рече дека има „јасен план“ за решавање на финансиските проблеми во земјата, вклучувајќи го и високиот буџетски дефицит кој во моментов изнесува 2, 6 милијарди долари. Новиот план ќе биде објавен во септември.
XS
SM
MD
LG