Достапни линкови

Ромпуј - За Грција „ќе биде чисто самоубиство“ ако не ги преземе бараните мерки


Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

За Грција „би било чисто самоубиство“ доколку овој месец не ги преземе бараните мерки за штедење од страна на меѓународните кредитори, изјавил претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј во телефонски разговор со грчкиот премиер Андонис Самарас.

Во текот на разговорот Самарас ги објаснил проблемите околу определувањето на пакетот мерки во вредност од 11,5 милиони евра, кој „тројката“ меѓународни кредитори го бара од Атина да го спроведе за да и се одобри следната транша финансиска помош. Премиерот ја спомнал и тензијата меѓу коалициските партнери во неговата Влада - Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис.
Тројцата лидери на трипартиската коалиција во понеделникот имаа средба, но не успејаа да се договорот околу мерките.
Коментарот на Ромпуј за ситуацијата во која се наоѓа Атина, им бил пренесен од Самарас на Венизелос и Кувелис на нивната вчерашна средба. Тој на своите коалициски партнери им соопшти дека отфрлањето на Грција да ги преземе новите рестриктивни мерки за штедење ќе доведе до негативен извештај на „тројката“ и неможност да се добие финансиската помош.
Грчките медиуми денеска објавија дека лидерите на тројната коалиција постигнале принципиелен договор за мерките и тоа во момент кога буџетот на државата е празен.
XS
SM
MD
LG