Достапни линкови

Македонски ора на јапонски начин


Јапонски играорци деновиве ги посетија Битола и Крушево по повод Илинденските празници, а на народните собири играа и пееа македонски песни.

Фолклористи од Јапонија над 20 години играат македонски ора. Со нашиот фолклор се запознале одамна благодарение на кореографот Атанас Коларовски од ансамблот на народни игри и песни „Танец“ кој во неколку наврати бил во Јапонија, па таму била отворена и секција за македонски фолклор.
Ние сме сите фолклористи и знаеме многу македонски народни игри. Дојдовме тука изводно да видиме како се игра овдешниот народен танц.
Фусајс Ензаки од Токио.

Јапонските играорци деновиве ги посетија Битола и Крушево по повод Илинденските празници, а на народните собири играа и пееа македонски песни.

Фусајс Ензаки од Токио наброи кои песни знае да ги пее на македонски јазик и кои наши ора знае да ги игра.
Јапонски играорци.
Јапонски играорци.

„Македонско девојче, Ако умрам од Јонче, Како што е таа чаша полна со вино, Битола мој роден крај, Чуџук, Крстено, Беранче. Ние сме сите фолклористи и знаеме многу македонски народни игри. Дојдовме тука изводно да видиме како се игра овдешниот народен танц. Сме настапувале и на фолклорната манифестација во Битола, Илинденски денови почнувајќи од 1985, тоа сме го правеле три до четири пати. Сум доаѓала 15 пати во Битола, зашто ја сакам македонската култура, музика, играта, народната носија, љубезноста на македонскиот народ“, вели Ензаки.
Македонија ни дава енергија, ова е моја четврта посета. Во Јапонија има Јапонци кои знаат за Македонија, па удри и оние кои не знаат каде се наоѓа земјата знаат за македонската песна и игра.
Кејко Хуритани од Химеџи.

Играорката Кејко Хуритани од Химеџи вели дека е вљубена во македонскиот фолклор.

„Имате многу необичен ритам, несекојдневен, но мелодијата е слична на јапонската, кога ја слушаме македонската фолк мелодија се чувствуваме како да сме дома. Македонија ни дава енергија, ова е моја четврта посета. Во Јапонија има Јапонци кои знаат за Македонија, па удри и оние кои не знаат каде се наоѓа земјата знаат за македонската песна и игра“, вели Хуритани.

Воодушевена сум и од изгледот на Битола, додава Кеј Комацијама од Сапоро, град во Јапонија каде во минатото се одржале зимските олимписки игри.

„Битола ми се допаѓа зашто ме потсетува на градот каде што попраснав. Се наоѓа во близина на планина и се чувствува планинската клима. Оваа земја изобилува со природни убавини на кои човек не може да остане рамнодушен“, рече Комацијама.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG