Достапни линкови

Египет- Тантави ќе продолжи да биде Министер за одбрана


Новиот премиер на Египет изјави дека шефот на воените сили во земјата, Хусеин Taнтави ќе ја задржи својата позиција како министер за одбрана во новата влада. Тантави беше две децении министер за одбрана на поранешниот претседател Хосни Мубарак се додека тој не беше соборен од власта. Тантави исто така, беше на чело на Врховниот совет на вооружените сили, кој владееше со Египет по соборувањето Мубарак до 30 јуни, кога беше избран новиот претседател Мухамед Морси. Во новиот египетски владин кабинет ќе има 35 луѓе.
XS
SM
MD
LG