Достапни линкови

Дневен печат - Илинден и поскапувања


Додека се слави Илинден, животот си тече понатаму. Поскапувања, намален број на работници, луѓето се иселуваат од Македонија, партиски рејтинзи, предизборни активности...

Денеска, на Илинден, и прегледов на печатот во илинденски дух: Нова Македонија го пишува она што сите ние го гледаме и го мислиме: „Нека има државнички говори, ама да се кратки со јасни пораки - повеќе години целата прослава се одвива со веќе видена сценографија: насобрани партиски членови довезени со автобуси од сите градови како незаинтересирано ги следат настаните на сцената и играорците во народни носии“.
Според Светска банка, секој што има можност си заминува од земјава: заклучно со 2010 година, од Македонија се иселиле 447 илјади нејзини граѓани.
Утрински.

„Нов Илинден за да си простиме“, објавува во наслов Дневник. А додека се слави, животот си тече понатаму: Народна банка на Македонија ја намали проекцијата за растот на БДП на еден отсто за оваа, а за догодина на 3 отсто, насловува Нова Македонија.
ретседателот на Собранието Трајко Вељаноски држи говор пред Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце за Илинден.
ретседателот на Собранието Трајко Вељаноски држи говор пред Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце за Илинден.

Дневник пишува дека во јуни е намален бројот на работниците во индустријата во споредба со истиот месец лани за 2,4 отсто, според државните статистичари. Утрински: „Струјата од вчера поскапа за речиси 10, а парното за околу 4 проценти“. А според Светска банка, секој што има можност си заминува од земјава: заклучно со 2010 година, од Македонија се иселиле 447 илјади нејзини граѓани, објавува Утрински.

Дневник и Вечер насловуваат: ВМРО-ДПМНЕ повторно со повисок рејтинг од СДСМ - 25,5 наспроти 19 отсто, а околу 32 проценти од граѓаните се изјасниле дека не сакаат да кажат за која партија би гласале на следните избори. Утрински за истата анкета на Институтот за демократија и МЦМС забележува дека ВМРО води, но дека осум месеци пред локалните, се топи разликата помеѓу главните ривали: таа сега изнесува 6,5 проценти.

„Не секирајте се што стануваме шампиони во сиромаштија, невработеност и што стопанството се дави во неликвидност, без оглед на тоа, на Македонија добро и одело со проектите на Груевски“. Ова е реакцијата на СДСМ на отчетот за една година старо-нова влада на Груевски. Вечер пишува за најавените проекти на Владата дека покрај четирите, во ноември ќе почнела изградбата на уште седум нови индустриски зони.

Средбата на американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс предизвика реакции: Дневник информацијата ја објавува со наслов: „Американска запршка во предизборието“, а дневниот Фокус насловува: „Волерс ја шокира власта со одобрувањето на соработката помеѓу Црвенковски и Тачи“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG