Достапни линкови

Авганистанските власти уапсиле 15 шпиони


Од авганистанската разузнавачка служба тврдат дека уапсиле високи владини претставници кои шпионирале за соседни земји. Раководителoт на Националната Дирекција за безбедност изјави дека уапсиле 15 државни службеници меѓу кои имало и такви на високи позиции и воени претставници кои шпионирале за Пакистан и за Иран. Од Дирекцијата соопштуваат дека со тоа што се уапсени шпионите разузнавачка служба спречила бројни заговори за атентат врз високи авганистански официјални лица. Но медиумите во земјата велат дека и покрај тврдењата на владата, Талибанците успеваат периодично да се инфилтрираат и да убијат претставници на меѓународните сили и на авганистанските власти.
XS
SM
MD
LG