Достапни линкови

Хилари Клинтон денеска во посета на Уганда


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, во рамките на турнејата низ Африка, денеска од Сенегал, замина за Уганда. Предвидено е Клинтон утре на кратко да ја посети и новата држава Јужен Судан каде што ќе ја нагласи важноста од надминување на разликите меѓу таа земја и Судан во врска со територијалниот спор и експлоатацијата на нафтата. Судан и Јужен Судан имаат рок до денеска од Советот за безбедност на Обединетите Нации, да ги решат меѓусебните несогласувања.
XS
SM
MD
LG