Достапни линкови

Во предградие на Дамаск, убиени над 35 лица


Сиријски активисти соопштија денеска дека владините сили во предградие на Дамаск убиле најмалку 35 лица, а некои од жртвите биле малтретирани. Во акцијата на владините сили биле уапсени околу 100 лица, а откако си заминале тенковите, низ улиците лежеле тела на убиени. Според државната телевизија, во акцијата биле убиени или уапсени десетици терористи. Во меѓувреме, продолжиле борбите и во градот Алепо, каде што бунтовниците со освоен тенк ја бомбардирале воздушната база.
XS
SM
MD
LG