Достапни линкови

Македонија го слави Илинден


Двата историски Илиндена - 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце. На централното чествување во Крушево ќе присуствува и ќе се обрати македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Делегацијата ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен.
Делегација на Собранието на РМ предводена од претедателот Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановско Пелинце, а премиерот Никола Груевски ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на Методија Андонов-Ченто.
Во битолското село Трново ќе се одржи 41. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“.
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.
XS
SM
MD
LG