Достапни линкови

logo-print

Лајчак го отворил прашањето за македонските интеграции на средбата со Клинтон


Мирослав Лајчак, вицепремиер и министер за надворешни работи на Словачка

Мирослав Лајчак, вицепремиер и министер за надворешни работи на Словачка

Република Македонија, македонските интеграции и спорот за името со Република Грција биле дел од разговорите на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Словачка Мирослав Лајчак со американскиот државен секретар Хилари Клинтон минатата недела, информираат од Словачката амбасада во Вашингтон. Како што јавува МИА, од Амбасадата не откриваат повеќе детали за разговорите кои се совпаднаа со посетата на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун на Македонија и неговиот повик до Република Грција за интензивирање на разговорите. Вицепремиерот Лајчак, кој е поранешен висок претставник на Европската Унија во Босна, е познат како поддржувач на интеграциите на Балканот во НАТО и во ЕУ и неодамна заедно со австрискиот колега Михаел Шпинделегер повика македонските интеграции да продолжат независно од спорот за името. Порака за интензивирање на средбите на Македонија и Грција минатата недела упати и американскиот Стејт департмент, каде помошникот државен секретар Мајк Хамер, по отворената покана на македонските власти до Грција, се заложи за директни контакти меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG