Достапни линкови

Сириските спортисти не сакаат да разговараат за војната дома


Сириските претставници на Олимписките игри не сакаат да зборуваат за ситуацијата во својата земјa Сирија каде со месеци трае граѓанската војна. Пливачката Бајан Џума изјави дека не се грижи премногу околу политичката ситуација во земјата од каде доаѓа, но додаде дека е во постојан контакт со нејзиното семејство.
Таа не успеа да се пласира во полуфиналето, но изјави дека е горда што учествувала на Олимпијадата. Сирискиот боксер Весам Сламан изјави дека би разговарал за ситуацијата дома, но тоа не му го дозволуваат официјалните лица кои ги придружуваат на Олимпијадата. Сириските спортисти се натпреваруваат во дисциплините јавање, кревање тегови и атлетика.
XS
SM
MD
LG