Достапни линкови

Спречен бомбашки напад во Кабул


Официјални претставници на Авганистан соопштија дека осум милитанти кои планирале самоубиствен напад во Кабул загинале во престрелка која започнала рано наутро. Портпаролот на Националниот директорат за безбедност, Лутфулах Маршал изјави дека пет милитанти загинале во почетната рација од страна на авганистанските војници. Другите тројца биле убиени откако претходно се криеле во куќа во источен Кабул. Милитантите биле вооружени со самоубиство елеци, ракети и автоматско оружје. Според изјавите на полицијата планирале да ги искористат за напад на една зграда во централниот дел на Кабул. Безбедносните сили упаднале во куќата каде што биле осомничените откако официјални лица од безбедносните служби ги информирале за нападот што се планира. Пред куќата било пронајдено и комбе полно со експлозив.
XS
SM
MD
LG