Достапни линкови

logo-print

По 23 години патешествија, конечно дома


По 23 години отсуство од дома, еден човек од Бангладеш се врати во Дака откако беше ослободен од пакистански затвор со помош на Црвениот крст.
52-годишниот Мослемудин Саркар изгубил контакт со своето семејство кога бесправно влегол во Индија на возраст од 29 години за да бара работа. Во 1997 година, во потрага по подобра работа во Пакистан, тој бил уапсен без валидни патни исправи. Следните 15 години ги поминал во затворите во Лахоре и Карачи. Саркар тврди дека бил тепан и малтретиран со години од страна на чуварите таму.
Тој изјави дека напишал десетици писма на неговата адреса дома, но не знае дали некогаш биле испратени.
XS
SM
MD
LG