Достапни линкови

logo-print

Заштитените сведоци отвораат низа прашања


Институцијата заштитен сведок може да се злоупотреби за политички пресметки, за финансиска корист или за ослободување од некакво обвинение.

Кои се заштитените сведоци, зошто одлучиле да зборуваат, дали се криминалци или не, дали тоа што го кажуваат во судот го прават од одмазда или има друга причина за тоа, можеби за возврат ќе добијат „чисто досие“, односно нема да бидат кривично гонети за друго дело или пак нема да бидат обвинети за истото дело за кое и се решиле да зборуваат?
Исказот на заштитениот сведок секогаш може да биде злоупотребен и тоа е она нешто коешто треба да се избегнува. Се треба да биде во мерка да се докаже неопходноста од неговито исказ, да се докаже можноста тој сведок да биде испитуван на начин којшто ќе доведе до утврдување на тој некој релевантен инструмент или институт.

Ова се дел од прашањата кои ги отвора употребата на заштитени сведоци во судските процеси, нешто што е релативно ново во македонското законодовство. Упатените во оваа проблематика сметаат дека не постои реална можност одбраната да ја провери личноста што се согласила да сведочи без при тоа да биде обелоденет нејзиниот идентитет, а тоа кај нив влева сомнение за релевантноста на исказот.

Поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска вели дека заштитниот сведок е доказ како и сите други докази и сето тоа треба да биде врзано за принципите на фер постапуавње, а тој се употребува за да се утврди фактичката состојба во ситуација кога нема други сведоци. Таа додава дека можноста за злоупотреби не се исклучува.
Колку може во Македонија тоа да биде релаизирано е друго прашање со оглед на мала земја и со оглед на она што досега искуството покажува, а тоа е дека фактички заштитениот сведок многу брзо е презентиран во неговиот прав идентитет. Тоа е она нешто кое не би требало да се случува.

„Исказот на заштитениот сведок секогаш може да биде злоупотребен и тоа е она нешто коешто треба да се избегнува. Се треба да биде во мерка да се докаже неопходноста од неговито исказ, да се докаже можноста тој сведок да биде испитуван на начин којшто ќе доведе до утврдување на тој некој релевантен инструмент или институт.“

Адвокатите со кои разговаравме побараа да останат анонимни поради чуствителноста на тема и можно поврзување со неодамнешните случаи. Но неофицијално велат дека во македонскиот судски систем честопати институцијата - заштитен сведок се злоупотребува за политички пресметки, за финансиска корист или за ослободување од некакво обвинение.

Неодамна за „Публика“, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ изјави дека во обвинението за случајот „Калдрма“ било наведено дека дел од заштитените сведоци заедно со обвинетите земале пари, но уживале друг статус.

„Во тој случај дел од заштитените сведоци се вработени во „Македонија пат“ за кои во самото обвинение пишува дека исто како и обвинетите зеле пари. За едните пишува дена не се обвинети, а сведоците пак се напишани како „необвинети“ и ако некој треба да одговара пред законот тогаш тоа треба да бидат сите кои незаконски зеле пари.“

Проблематичен беше и случајот „Монструм“ каде што осомничен за тероризам стана сведок од клучно значење, но подоцна повторно се предомисли и се откажа од статусот и стана обвинет за истиот случај. По таквата ситуација неговата изјава падна во вода и не можеше да се употреби како доказ.

Упатените во проблематиката сметаат дека заштитените сведоци се добра алатка за поткрепа на обвинението, но од аспект на одбраната тие имаат право да одбијат да одговорат на прашања на адвокатите со образложение дека одговорот на тоа прашање би можело да го открие идентитетот и така да останат необјаснети многу работи од настанот за кој сведочи.

Николовска додава дека во правниот систем честопати се доведува во прашање и способноста во целост да се сочува идентитетот на заштитениот сведок а со тоа да се заштити од можни последици.

„Колку може во Македонија тоа да биде релаизирано е друго прашање со оглед на мала земја и со оглед на она што досега искуството покажува, а тоа е дека фактички заштитениот сведок многу брзо е презентиран во неговиот прав идентитет. Тоа е она нешто кое не би требало да се случува.“

Еден од таквите примери е и судскиот процес против лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, случај во кој за идентитетот на заштитениот сведок се раскажува наоколу, опозицијата индирекно посочува кој е, но официјално сите молчат. Деновиве против Бошкоски е отворен уште еден случај, овојпат за убиство кое се случило пред 11 години, а клучниот доказ и во овој случај е заштитениот сведок.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG