Достапни линкови

Пари наместо идеали, партизам наместо патриотизам


Денеска се водат пропагандни револуции, скептизимот се шири како зараза, а идеалите се формализирани во згодна содржина за политичките говори, но не и убедливи цели за поединците и за општеството.

Ако и не можат да ги достигнат подвизите на своите претходници, денешните Македонци особено нивните водачи и се должници на историјата, во прва рака на идеaлите кои ја отсонувале и ги поставиле темелите на денешната државност. Не со обврска да ги полнат политичките говори со сеќавања и пораки, ниту преку нејзино панично оспоменичување.
Нема веќе идеали, некако секој си изградил свој идеал за себе, нема некаква целина, а порано за еден идеал се бореле.

Триесетина коњаници од Горно Лисиче, на 27 јули од дворот на Општина Аеродром тргнаа кон славното Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Триесетина коњаници од Горно Лисиче, на 27 јули од дворот на Општина Аеродром тргнаа кон славното Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Уште една прослава на големите датуми ни дава можност да ги преиспитаме идеалите со кои денеска живеат Македонците толку јасни и вредни за паметење во периодите на кои денеска се сеќаваме. Имаат ли денеска тие вредности некаква допирна точка со нас освен верувањето дека можат да се понудат како туристичка атракција?

„Нема веќе идеали, некако секој си изградил свој идеал за себе, нема некаква целина, а порано за еден идеал се бореле.“

„Сега некако овие се квази јунаци, херои, набилдани, напумпани.“
Патриотизмот во тоа време, не се мери со ова сега, сите што денеска одат во некои опции одат за интерес.

„Патриотизмот во тоа време, не се мери со ова сега, сите што денеска одат во некои опции одат за интерес“, велат граѓаните.

Денеска се водат пропагандни револуции, скептизимот се шири како зараза, а идеалите се формализирани во згодна содржина за политичките говори, но не и убедливи цели за поединците и за општеството. Ништо не нуди надеж дека разликите систематски развивани на сите нивоа ќе стасаат до свест за наследената одговорност како се гради иднина. Денешницата им противречи на идеалите на најнеодговорен начин.

„Што повеќе да се зграби нешто финасиско. Цел живот работиш, а ништо не си постигнал и сега се прашуваш кај си згрешил, што си направил со животот. А некој за 2-3 години станај НЕКОЈ.“

„Пари и интереси само, ништо друго.“

Кон што се стремат денешните Македонци кои соочени со хиперпродукција на историја, митови и ветувања стануваат неизбежни жртви на неверици, поделби и стравови. Во денешното опшество во кое сите обиди за критичко мислење се отсранети како бескорисни украси во трката за подoбар резултат на наредните избори. Општествената солидарност е значително компромитирана, се продлабочува духовната нерамнотежа. Постои ли се уште некој сериозен и полнолетен кој верува дека демократијата е идеал што се создава без повикување на највисоките етички принципи назад од кои е историски настаната и од кои единствено може да се развие и одржи?
XS
SM
MD
LG