Достапни линкови

Почина најстариот монах на Атос


На 106-годишна возраст почина најстариот монах на Атос, Јован Хиландарски.
Монахот Јован е роден во село во близината на Белград. По Втората светска војна емигрира во Италија, од каде набрзо се преселува во Велика Британија. За време на повеќегодишниот престој во Британија, тој често го посетува српскиот манастир Хиландар на Атос, а и парично го потпомага.

По смртта на сопругата, Јован се замонашува и се преселува во манастирот Хиландар. Во текот на својата монашка служба има издадено голем број книги.
Пред три години, на 103-годишна возраст, монахот Јован ги изненади своите монашки браќа во манастирот, кога купи лаптоп и во него почна да ги внесува своите записи.
XS
SM
MD
LG