Достапни линкови

Ем поскапа струја, ем нема евтина тарифа


Од денеска цената на струјата се зголемува за 9,83 проценти. Сметките со новата повисока цена потрошувачите ќе ги добијат во септември. Но тоа не е се, Регулаторна комисија ја укина попладневната евтина тарифа. Како што стои во новиот ценовник на ЕВН, евтината струја која граѓаните ја користеа од 13 до 16 часот се укинува и нема да важи, туку електричната енергија ќе се пресметува по другата - поскапа тарифа. Останува да важи само евтината тарифа на струјата во ноќните часови - од 22 до 07 часот.
XS
SM
MD
LG