Достапни линкови

logo-print

Груевски им го честита Илинден на граѓаните


Најголемиот македонски празник – Илинден е ден кој не задолжува, не инспирира и не обединува. На овој празник се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, на љубовта кон Татковината, пишува премиерот Никола Груевски во својата честитка до граѓаните по повод Денот на Републиката.

„Она што во минатото било стремеж за слобода, денес е стремеж за развој, просперитет и подобар живот за нашите граѓани. Она што во минатото било борба за сопствена држава, денес е борба за повеќе работни места, за повеќе инвестиции, за посилна економија, за интеграција на земјата во НАТО и Европската унија, за подобро здравство, за подобро образование, за просперитетно земјоделие. Она што останало исто од минатото, е борбата за чест, за права и за национално достоинство. Таквата борба никогаш не запира“, стои во честитката на премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG