Достапни линкови

logo-print

Басеску -Не победив ниту јас, не победија ниту тие


Романски претседател Трајан Басеску

Романски претседател Трајан Басеску

Привремено отстранетиот романски претседател Трајан Басеску денеска изјави дека ниту тој победил, ниту владеачките партии, кои го иницираа неговото отстранување од должноста, и подвлече дека Уставниот суд е тој што треба да ја донесе одлуката.

„Ако треба да бидам искрен, не победив. Не победија ниту тие“, изјави Басеску.

Според денеска објавените резултати на Централното изборно биро, на референдумот гласале 46,24 проценти од избирачите, што значи дека нивното учество не е доволно за неопходните 50 проценти плус еден од лицата со право на глас за референдумот да се признае за валиден.

Уставниот суд денеска во 14 часот по локално време се собра на заседание за да одлучи за валидноста на референдумот.

Ако референдумот биде признат за валиден, тоа значи автоматско отстранување на Басеску од функцијата, бидејќи 86,52 проценти од оние што гласаа се изјаснија за неговото соборување од власта.

За одлуката на Уставниот суд да биде валидна неопходни се гласовите на две третини од неговиот состав, односно на шест од вкупно деветмината судии.
XS
SM
MD
LG