Достапни линкови

Двајца српски војници загинаа при експлозија на стара касетна бомба


Српското Министерство за одбрана соопшти дека двајца српски војници загинале при експлозија на стара касетна бомба. Според министерството, двајца војници загинале додека расчистувале минско поле останато од војната во Косово во 1999 година. Инцидентот се случил на планината Копаоник на границата на Србија со Косово.
Ова е втора трагедија во која припадници на српската војска ги загубија животите, во последните два месеци. Во јуни двајца кадети загинаа, а седуммина без повредни.
XS
SM
MD
LG