Достапни линкови

logo-print

Владата донесе мерки за справување со пожарите


Илустрација.

Илустрација.

Владата донесе одлука од 3 август годинава да се воведе забрана за влез и движење во шумите за сите физички лица. Забраната ќе важи до следното донесување на нова одлука, а за прекршителите предвидени се високи казни.
Владата ќе обезбеди 10 милиони денари за исплата на надомест за ангажирани обврзници за гасење пожари, резервни делови и прегледи на авиони и телефонски трошоци, a ќе отстапи и од своите резерви на нафта, информираше владиниот портпарол. Тој информира дека е формирана и работна група која во рок од 30 дена треба да изврши анализа на сите законски и подзаконски акти од аспект на надлежност во ситуација на пожари и поплави и да предложат мерки за подобрување на можностите за интервенција и превенција, со казнени мерки доколку има непочитување.
XS
SM
MD
LG