Достапни линкови

Пожарот кај Ресен се шири кон Пелистер


архива

архива

Пожарот во општина Ресен меѓу селата Љубојно и Долно Дупени се шири кон правец на Пелистер, а во општина Валандово од селото Дедели кон село Фурка пожарот е се уште активен, но под контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Во општина Пробиштип меѓу селата Горни и Долни Стубул опожарено е стрниште со сува трева и ниски грмушки и пожарот се шири. Има пожар и кај селото Цер. Во скопската општина Зелениково појавен е пожар од голем размер, а во гаснењето се вклучени и авиони. На регионалниот пат Струмица-Валандово пожарот е локализиран. Во општина Тетово кај селото Групчин, во општина Валандово кај селото Казан дол и во оштина Пробиштип пожарите се локализирани.
XS
SM
MD
LG