Достапни линкови

logo-print

Во Грција тешки политички преговори


Делегацијата на тројката странски кредитори во Атина

Делегацијата на тројката странски кредитори во Атина

Лидерите на трите партии од коалиционата влада на Грција денеска повторно ќе се состанат во обид да се договорат за натамошното намалување на државните расходи што го бараат странските кредитори. Во претходните две средби конзервативниот премиер Андонис Самарас и шефовите на двете социјалситички партии не упеаа да постигнат согласност за новите политички ризични мерки за намалување на буџетските трошоци за 11 ипол милијарди евра. Исходот од денешните разговори во Атина го чека и делегацијата на тројката странски кредитори од чија оценка ќе зависи дали Грција ќе добие нова транша од спасувачкиот пакет или ќе банкротира.
XS
SM
MD
LG