Достапни линкови

Финални пливачки натпревари на Олимписките игри во Лондон


Авсралијанецот Џејмс Магнусен, Американецот Нејтан Адриан и рекордерот од Бразил Цезар Циело ќе се натпреваруваат за титулата најбрз пливач во Светот денеска во финалето на 100 метри краул на Олимписките игри во Лондон. Тројцата пливачи се фаворити за медали во пливачките натпреварувања, кои се најактуелни во првите четири дена од олимпијадата. Велосипедистот Бредли Вигинс, кој оваа година стана првиот Британец кој победи на Тур де Франс, ќе се натпреварува за златото на патеката околу Хемптон Корт во близина на Лондон. За денеска се закажани и натпреварите во џудо, пинг понг и гимнастика.
XS
SM
MD
LG