Достапни линкови

logo-print

Казни против банки кои му помагале на Иран


Соединетите американски држави им одредија санкции на кинеска и ирачка банка кои им помагале на властите во Иран да ги избегнат меѓународните санкции. Одлуката е донесена против кинеската банка “Кулун” и ирачката “Елаф Исламска банка” во обид за понатамошно изолирање на официјален техеран поради спорната нуклеарна програма на Исламската република, за која се верува дека може да произведе нуклеарно оружје. Во соопштението од Белата куќа се наведува дека последниот бран санкции се против финансиски институции кои му помагале на се поочајниот ирански режим да добие пристап до меѓународниот финансиски систем.
XS
SM
MD
LG