Достапни линкови

logo-print

САД - 2011 „пресвртна година“ во борбата против тероризмот


Осама Бин Ладен.

Осама Бин Ладен.

САД сметаат дека 2011 е „пресвртна година“ во глобалните напори за борба против тероризмот и покрај предупредувањата дека остануваат долготрајни и различни закани. Во Извештајот на Стејт департментот за тероризам, што е годишно истражување одобрено од Конгресот, се наведува дека убиството на поранешниот прв човек на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, на 2 мај 2011 година е „врв“ на напорите за борбата против тероризмот во 2011. Сепак, се наведува дека Ал Каеда останува сериозна закана за американската национална безбедност и оти ги зајакнува нејзините ограноци, вклучително и оние на Арапскиот Полуостров. Во извештајот се вели дека екстремистички организации сè уште наоѓаат прибежиште во Пакистан, додека иранското спонзорирање на тероризмот предизвикува „доминантна загриженост“. Според извештајот, бомбашкиот напад на московскиот аеродром Домодедово од јануари 2011 и нападот на екстремниот десничар Андрес Брејвик кој уби десетици луѓе во Норвешка го покажуваат широкиот опсег на тероризмот.
XS
SM
MD
LG