Достапни линкови

Франција ја предаде воената база во Авганистан


Француските војници ја предадоа својата воена база во близина на Кабул на своите авганистански колеги. Предавањето на базата е дел од планот за повлекување на 2.000 француски војници до крајот на годината. Оперативна база се наоѓа во проблематичната област Суроби на околу 50 километри од Кабул. По повлекувањето на француските војници, сепак еден дел од војската ќе остане за да им помогне со обука на авганистанските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG