Достапни линкови

Најмалку 20 загинати во двоен бомбашки напад во Багдад


Најмалку 20 лица загинале, а 57 се повредени во експлозија на два автомобил бомби во ирачката престолнина Багдад. Двете возила експлодирале во интервал од пет минути во шиитски кварт денеска попладне. Од експлозиите се
уништени згради, автомобили, излози на продавници. Експлозиите се дел од последниот бран на насилство во Багдад. На 23 јули, повеќе од 100 луѓе беа убиени во координирани напади врз главно шиитски муслимани. Локалната Ал Каеда ја презеде одговорноста за овие напади.
XS
SM
MD
LG