Достапни линкови

Пакистан и САД потпишаа нов договор за користење на територијата


Граница меѓу Пакистан и Авганистан.

Граница меѓу Пакистан и Авганистан.

Пакистан и САД потпишаа договор кој го регулира начинот на снабдување на американските војници во Авганистан преку пакистанска територија. Високиот американски дипломат во Пакистан кој го потпиша договорот во Исламабад, Ричард Хогланд, оцени дека тоа е „конкретен многу позитивен чекор“. Договорот не им дозволува на НАТО силите во Авганистан да превезуваат оружје и муниција преку пакистанска територија, но се дозволува транспорт на воена опрема за авганистанската армија. Портпаролот на американската амбасада Марк Строу соопшти дека договорот ќе важи до 2015 година. Во ноември минатата година, Пакистан ја затвори границата за снабдување на НАТО силите во Авганистан, како одговор на американските воздушни напади во кои загинаа 24 пакистански војници. Исламабад повторно ја отвори границата на почетокот на месецов, откако САД се извинија.
XS
SM
MD
LG