Достапни линкови

Изминатава година, 51 закон бил менуван 3 до 5 пати, 23 закони биле менувани 6 до 10 пати, 8 закони биле менувани 11 до 15 пати, а 5 закони се менувале дури 16 пати.

Вкупно 87 закони биле кои биле прочитани во собраниските комисии биле менувани повеќе од три пати во последниве десет години, покажа анализата на граѓанската асоцијација МОСТ која што беше спроведена во изминатава една година. 51 закон бил менуван 3 до 5 пати, 23 закони биле менувани 6 до 10 пати, 8 закони биле менувани 11 до 15 пати, а 5 закони се менувале дури 16 пати.
Во периодот кој е предмет на мониторинг, во рамките на 18-те комисии, прочитани се вкупно 282 закони. Од нив, од страна на Собранието, донесени се 228 закони, од кои 75 се нови закони, а 153 се измени и дополнувања на закони. Од донесените закони, 12 се донесени поради хармонизација на домашното право со правото на ЕУ.

„Во периодот кој е предмет на мониторинг, во рамките на 18-те комисии, прочитани се вкупно 282 закони. Од нив, од страна на Собранието, донесени се 228 закони, од кои 75 се нови закони, а 153 се измени и дополнувања на закони. Од донесените закони, 12 се донесени поради хармонизација на домашното право со правото на ЕУ“, изјави Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ.
Извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.

Извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.


Анализата „Мојот парламент“, која вршеше мониторинг на работата на работните тела во Собранието, не може да каже дали оваа фреквенција на измени влијаела врз уставноста на законите, но покажува многу мал број одржани јавни расправи и дискусии кои би им претходеле на донесувањето на законите. Оттаму и една од нивните препораки е:
Често се менуваат без содржински анализи за тоа како се применува и дали се применува законот и кои се резултатите од примената на законот или на одредени законски одредби.

„Потребно е да се измени Деловникот за работа на Собранието, пред сè во деловите кои овозможуваат учество на јавноста во работата за да им се даде можност на граѓанските организации, експертите и другите заинтересирани страни поактивно да се вклучат во работата на Собранието и на работните тела при разгледувањето на одредено законско решение кое е од делокругот и експертизата на граѓанските организации.“

Професор Јонуз Абдулау е на мислење дека не постојат доволно анализи на ефектите како и очекувањата од измените на законите. Според него, ваквата невообичаена фреквенција на измени и дополнувања на законите е ден вид собраниска фарса.

„Да се претстави пред јавноста дека нешто се работи, дека Собранието работи под полна пареа, а впрочем тоа е само маркетинг пред јавноста.“

Абдулау вели дека тоа има и последици врз демократскиот развој на земјата, го одложува демократизирањето на земјата и не остава на вечната тема реформи.

„Често се менуваат без содржински анализи за тоа како се применува и дали се применува законот и кои се резултатите од примената на законот или на одредени законски одредби.“

Според анализата на МОСТ, само три комисии од мониторираните во изминатава година отвориле расправа и дале можност за учество на експертската јавност и граѓанските асоцијации што претставува само 1 отсто од прочитаните закони во комисиите во набљудуваниот период.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG