Достапни линкови

Намален бројот на работниците во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 2,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 0,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 2,9, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.

Намалување на бројот на работниците има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто, Капитални производи за 8,2, Трајни производи за широка потрошувачка за 7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2012 година во однос на истиот период од 2011 година е намален за 1,7 отсто.
XS
SM
MD
LG