Достапни линкови

Русија ќе испрати 200 наставници по руски јазик во Таџикистан


Русија ќе испрати 200 наставници по руски јазик во северниот таџикистански регион Сугд. Тамошните власти соопштија дека учителите ќе пристигнат во Таџикистан да ги учат локалните деца во согласност со билатералниот договор потпишан од страна на Министерствата за образование на двете земји. Локалните власти ќе им овозможат сместување на наставниците. Денеска во Русија беше отворен и прв центар за јазични тестирања во кој ќе се тестираат мигранти кои се вработени во услужни и угостителски области. Тие ќе мора да положат руски јазик за да можат да добијат работна дозвола.
XS
SM
MD
LG