Достапни линкови

logo-print

Симпатични цитати од ОИ


Да се инспирираат генерациите – е нашето мото, а не да се создаваат генерации, што понекогаш се случува во Олимпиското село.


"Добро вечер господине Бонд,, - 86 годишната крализа Елизабета во нејзиниот прв филмски клип со Даниел Креиг на отворањето на Олимписките игри.

,,Моите резултати доаѓаат од напорна работа и тренинг и јас никогаш нема да користам забранети медикаменти. Кинеските луѓе имаат чисти раце,, - Кинеската пливачка Је Шивен, по постигнувањето на светскиот рекорд на 400 метри и сомневањата дека е допингувана.

,,Бев тешко поразен од Ариел кога имаше 9 години, па секако можев да го потврдам нејзиниот талент,, - Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс за сега веќе 16 годишната американската пингпонгарка Ариел Хсинг, која го ословува со чичко Бил.

,,Женското тело е совршенство, сите сакаат да гледаат во женски тела, особено во динамични атлетски спортови,, - Натали Кук, освојувач на златен медал од Сиднеј 2000-та, во одбрана на бикините на спортистките кои играат одбојка на плажа.

,,Возбудувањето расте толку многу што Гајгеровиот бројач на Олимпоманијата ќе излезе од скалата,, - Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон во еуфорично сумирање на расположението на Олимпискиот концерт во лондонскиот Хајд Парк.

,,Има многумина кои сакаат да почнат да тренираат веслање, бидејки јас дојдов на Олимпијадата. Ќе почнеме кога ќе се вратам, само треба да ги почекаме чамците,, - Нигерскиот веслач Хамаду Џибо Исака, кој тренираше само три месеца за Олимпијадата, но никогаш во неговата земја, во која речиси и да нема вода.

,,Реков – медалот е тука, треба само да го земеме. Имав одлично чувство, чувствував нешто големо, но сега чувствувам нешто уште поголемо, чувствувам голема болка,, - Повредениот швајцарски велосипедист Фабијан Канселара, по падот на уличната трка.

,,Сакаме да бидеме сигурни дека вистинскиот борец победи,, - Николас Меснер, портпарол на Меѓународната џудо федерација ја објаснува промената на одлуката на судиите со која му беше одземена победата на јужно-кореецот Чо Јун Хо.
,,Тешко е, не е балет,, - Ватерполо играчот Михо Бошковиќ со кеса мраз на неговиот лакт по натпреварот со Грција на кој постигна три гола.

,,Да се инспирираат генерациите – е нашето мото, а не да се создаваат генерации, што понекогаш се случува во Олимпиското село,, - лондонскиот градоначалник Борис Џонсон за дистрибуцијата на околу 150.000 кондоми во Олимпиското село, каде што има околу 10.000 спортисти.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG