Достапни линкови

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета пристигна во Каиро


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета пристигна во Каиро на разговори со новиот претседател Мухамед Морси и со шефот на одбраната Хусеин Тантави. Од Белата куќа соопштија дека посетата на Панета на Египет е за да се афирмира поддршката на САД за продолжување на реформите. Пред две недели и американскиот државен секретар Хилари Клинтон го посети Каиро за да ја изрази поддршка за демократска транзиција во Египет и за економскиот развој. Египет со години добива милијарди долари американска помош по потпишувањето на мировниот договор со американскиот сојузник Израел во 1979 година.
XS
SM
MD
LG