Достапни линкови

МОСТ-јавноста недоволно вклучена во работата на Собранието


Претседателот на МОСТ Дарко Алексов.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов.

Вклученоста на граѓанските организации, експертската јавност и останатите засегнати страни во работата на собраниските комисии за периодот од конституирањето на новиот парламентарен состав до 1 јуни годинава е на незадоволително ниво, покажуваат резултатите од прoектот „Мојот парламент“ што го спроведе граѓанската асоцијација МОСТ. На седниците на 13 комисии присутвувале 144 учесници. Најголемиод дел од нив, 121 или 85 отсто од вкупниот број биле дел од работата на само пет комисии, а ниту еден не учествувал во работата на седниците на пет комисии, кај дел од комисиите неприсуството на јавноста е оправдана, а кај поголемиот дел не, рече претседателот на МОСТ Дарко Алексов.
Анализата укажува на потребата од зголемување на бројот на одржани јавни и надзорни расправи, како и на јавни дискусии, рече Алексов.
МОСТ препорачува да се овозможи континуитет на вклученоста на граѓанските организации и на заинтересираните страни при креирањето на одредени политики и на конкретни законски решенија, како и да се изготви регистар или адресар на организации кои би биле дел од креирањето на политиките за секоја област посебно.
XS
SM
MD
LG