Достапни линкови

Цивили заглавени во сирискиот град Алепо


Сиријци го напуштаат Алепо.

Сиријци го напуштаат Алепо.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти денеска дека не успеале да дојдат до сите 200 илјади бегалци кои побегнале од сирискиот град Алепо. Од Агенцијата велат дека најголем дел од луѓето се „заглавени“ во градот и дека се кријат во училишта, џамии или во други импровизирани засолништа. Меѓународната организација за миграција соопшти дека од неделата околу 900 луѓе се сместени во заедничкиот камп кој го направија ОН и владата на Јордан. Кампот се наоѓа на територија на Јордан, близу до границата со Сирија и може да прими 5.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG