Достапни линкови

logo-print

Настапот на саудијската олимпијка во џудо сеуште неизвесен


Меѓународниот олимписки комитет е во преговори со Олимпискиот комитет на Саудијска Арабија и со Меѓународната федерација за џудо во врска со носењето шамии во женска конкуренција. Првата жена олимпијка од Саудијска Арабија треба да настапи во петок во категоријата над 78 килограми во џудо, но нејзиниот татко изјави дека ќе излезе на борилиштето само доколку и биде дозволено да носи шамија. Меѓународната џудо федерација е на став дека тоа е против правилата. Меѓународниот олимписки комитет со месеци лобираше кај властите во Саудијска Арабија да им дозволат и на жените да се натпреваруваат.
XS
SM
MD
LG