Достапни линкови

logo-print

САД - Религиозната нетолерантност продолжува да претставува проблем во светот


САД оценија дека религиозната нетолерантност продолжува да претставува проблем во светот во 2011 та година. Во последниот извештај за религиозните слободи Стејт Департментот оценува дека владите во земји како Ирак и Русија покажале нетолеранција кон некои групи на начин што претставува рестрикција на религиозната слобода.Во извештајот се вели дека во поголем број земји како Кина,Иран, Северна Кореја и Саудиска Арабија остнува проблемот со хроничното и системско насилство врз верските слободи. Извештајот исто така констатира дека има пораст на анти Семитизмот и на нетолерантноста кон други групи.
XS
SM
MD
LG