Достапни линкови

Грција бара одночување на заштедите на Грците во швајцарските банки


Грчкото Министерство за финансии денеска побара од Владата на Швајцарија склучување на договор меѓу двете земји со кој ќе биде овозможено оданочување на заштедите на грчките граѓани во швајцарските банки.

Ваквото барање следи по објавувањето на информациите дека бројот на сметките на грчки граѓани во швајцарските банки во текот на 2011 година се зголемил за 50 проценти.

Според податоците на Швајцарија, во 2011 година 1.360 Грци дале согласност за доставување на податоците за нивните сметки во швајцарските банки на грчката даночна служба, што е значително повеќе во однос на 2010, кога ваква согласност дале 365 грчки државјани.

Сепак, и покрај тоа што бројот на оние Грци кои лани се согласиле на „обелоденување“ на нивните заштеди пред даночите власти е поголем повеќе од тројно, приходите од даноци од овие сметки се зголемиле на 9,3 милиони евра од 5,8 милиони во 2010 година.

Атикскиот весник „Та Неа“ денеска објави дека Грци, кои изнеле милиони евра во странство, пред грчките даночни власти пријавуваат ниски примања.
XS
SM
MD
LG