Достапни линкови

Брвеница се збратими со Јенимахал од Турција


Градоначалниците на општините Брвеница, Енвер Пајазити, и Јенимахал од Анкара - Република Турција, Фатхи Јашар.

Градоначалниците на општините Брвеница, Енвер Пајазити, и Јенимахал од Анкара - Република Турција, Фатхи Јашар.

Градоначалниците на општините Брвеница и Јенимахал од Турција потпишаа меморандум за збратимување.

Меморандум за збратимување и соработка неодамна потпшааа градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити и градоначалникот Фатхи Јашар на општината Јенимахал од Анкара-Република Турција. Ваквиот потег во иднина ќе значи и продлабочување на соработката меѓу двете општини и во иднина. Според гостинот од Турција, општината Јенимахал има потенцијал и можности за взаемна размена на искуствата и користење на природните ресурси. Во Јенимахал живеат иселеници од Македонија од различна етничка припадност, посочи градоначалникот Фатхи Јашар.

Во Турција има голем број на Албанци, исто така има печалбари од Македонија кои работат и живеат во Анкара. Тие се добри работници и добри жители на општина Јанимахал, тие живеат и делуваат во нивните традиции.
„Во Турција има голем број на Албанци, исто така има печалбари од Македонија кои работат и живеат во Анкара. Тие се добри работници и добри жители на општина Јанимахал, тие живеат и делуваат во нивните традиции.“

Соработката се планира во почетокот да се одвива во неколку сегменти од локалниот живот на двете општини кои ќе придонесат општината Брвеница од рурален економски центар да прерасне во високо урбанизирана локална единица на самоуправа со поголеми права и обврски кон целосната децентрализација, изјави градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити.

„Имаме прилика да учиме и да ни помогнат нашите пријатели од Јанимахал, за тоа како може една општина од рурална да стане современа општина во која граѓаните ќе може да ги уживаат своите права и ќе се чувствуваат рамноправни со сите граѓани на Македонија.“

Брвеничкиот градоначалник ги посочи и конкретните ресори на кои ќе биде посветено вниманието во соработката.

„Овој меморандум ќе се потпише во сферата на социјала, образование, култура, спорт и во другите области каде ќе има потреба, но и можност.“

Од општина Брвеница, најавуваат дека идејата за збратимување со други општини ќе ја негуваат и во иднина.
XS
SM
MD
LG