Достапни линкови

Пожарот кај Струмица локализиран


Илустрација.

Илустрација.

На неколку локации во Македонија се уште има активни пожари, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Пожарот над Струмица на местото Двата пата е локализиран. Освен од копно, овој пожар се касне и од воздух со авиони канадери. Веќе осум дена пожарникарите и месното население се борат со пожарот.
Активни пожари има над село Групчин-Општина Желино и во реонот на село Горно Јаболчиште месност викана „Сипочан“.
Изгаснат е пожарот помеѓу селата Љубојно и Долно Дупени кој зафати околу 20 хектари сува трева, смрека и ниска дабова шума.
Под контрола е ставен и пожарот кај село Нивичино, општина Василево.
XS
SM
MD
LG