Достапни линкови

Сирискиот амбасадор во Британија го напушти режимот на Асад


Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека највисокиот сириски дипломат во земјата го напуштил режимот на претседателот Башар ал-Асад во знак на протест против насилните и угнетувачки акции што ги спроведува. Вршителот на должност амбасадор на Сирија Халид ал-Ајуби, кој е во дипломатијата од 2001 година, ги информирал британските власти дека веќе нема да го претставува режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG