Достапни линкови

Грци во странство изнеле милиони, а дома пријавиле ниски примања


Грци, кои изнеле милиони евра во странство, декларираат ниски примања пред грчките даночни власти, пишува весникот „Та неа“, повикувајќи се на податоци на Централната банка од 2010 година, кога земјата почна да договара заеми со меѓународните кредитори, за да се спаси од банкрот.

Рекордер е грчкиот граѓанин, кој префрлил над 52 милиони евра во банки во странство, а истата година пред даночната служба декларирал годишен приход од 29 илјади евра.
Податоците на банката се однесуваат на трансакции над сто илјади евра, при што меѓу извршителите на префрлувањата има 70 странски државјани од поранешниот источен блок.
На листата од 2010 година повеќето грчки богаташи, кои ја преферирале безбдноста на странските банки, според деклерациите пред даночните служби се „сиромашни“. Весникот пишува дека 403 од нив изјавиле дека таа година немале никаков приход.
Друг интересен случај е жена, која пријавила 0,01 евро приход, а во странство изнела над 200 илјади евра.
XS
SM
MD
LG