Достапни линкови

Нови промени во ФФМ, нова надеж


Илчо Ѓорѓиоски, нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија, ФФМ, фудбал.

Илчо Ѓорѓиоски, нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија, ФФМ, фудбал.

По десетгодишно владеење со македонскиот фудбал на Харалампие Хаџи Ристески, за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија во Охрид е избран Илчо Ѓорѓиоски, кој најави враќање на фудбалот на старите патеки. Тој вети дека ќе биде најпосветениот претседател на ФФМ досега.

Новите промени во Фудбалската федерација на Македонија, нова надеж за фудбалските работници во земјава. Новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој беше избран на неделното вонредно собрание во Охрид, најавува враќање на фудбалот на старите патеки. Човек сум од фудбалот и живеам за него и затоа ќе бидам најпосветениот претседател на ФФМ досега, вети Ѓорѓиоски.
Ќе направиме се да работиме за доброто на фудбалот. Една од целите ќе биде враќање на довербата во репрезентативните селекции на Македонија.

„Ќе направиме се да работиме за доброто на фудбалот. Една од целите ќе биде враќање на довербата во репрезентативните селекции на Македонија“, рече Ѓорѓиоски.

Досегашниот прв човек на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески, кој си поднесе неотповиклива оставка, вели дека во изминативе 10 години направил многу за фудбалот. Не чувствува никаква одговорност за неуспесите на репрезентацијата.
Не може да ми се препише ниту еден неуспех на репрезентацијата и не го прифаќам тоа. Во текот на овие 10 години премногу направивиме за ФФМ, но кај нас менталитетот е таков, да се презаситуваат луѓето од едни личности гледајки ги на иста позиција.

„Не може да ми се препише ниту еден неуспех на репрезентацијата и не го прифаќам тоа. Во текот на овие 10 години премногу направивиме за ФФМ, но кај нас менталитетот е таков, да се презаситуваат луѓето од едни личности гледајки ги на иста позиција“, рече Хаџи Ристески.

Крајот на десетгодишното владеење со мак-фудбалот на Харалампие Хаџи Ристески ќе значи нов почеток за македонскиот фудбал, велат добрите познавачи на приликите.

„Мислам дека ќе се консолидираат редовите. Човекот е млад и перспективен. Мислам дека ќе тргне од најниските категории во фудбалот па до сенироската репрезентација. Секоја промена е добредојдена“, вели Стојанчо Саздов од Општинскиот фудбалски сојуз на Штип.

„Мислам дека за доброто на фудбалот ќе биде подобро. Знаеме за сите работи што ги правеше старото раководство. Треба средување со репрезентацијата и со општинските фудбалски сојузи“, рече Златко Ралески од Општински фудбалски сојуз од Битола.

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација Мирсад Јонуз вели дека е време интересот да биде исклучиво насочен кон фудбалот.

„Ние имаме проблем со фудбалот, а не со федерацијата. Нас фудбалот ни е на најниски гранки. Може да се сменат уште десет селектори, ние имаме проблем со играчкиот капацитет кој што сите го потенцитраме дека имаме потенцијал, но квалиетот не доаѓа до израз. Сите промени се добредојдени, ако се од аспект на подобрување на неквалитетот кај нас“, вели Јонуз.

Македонската фудбалска репрезентација во моментот се наоѓа на 103-то место на ранг листата на светската фудбалска асоцијација ФИФА, што е најслабо од нејзиното постоење до сега.
XS
SM
MD
LG