Достапни линкови

Собранието го донесе дополнетиот Законот за пензиско осигурување


Собранието на денешното продолжение на 37.седница го донесе дополнетиот Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Претходно од пратеничката група на СДСМ најавија дека ќе гласаат против Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и ќе заедно со пратеничката група на НСДП ќе поднесат претставка до Уставниот суд за негово укинување.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски, меѓу другото овој закон им дава правна можност на двете приватни компании - капитални пензиски друштва да ја тужат Република Македонија за изгубена добивка и надомест на штета.

За Горан Мисовски од НСДП со измените се воведуваат, како што рече, методи на класичен државен интервенционизам, а за такво законско решение, смета, треба да одговара министерот за труди и социјална политика.
XS
SM
MD
LG