Достапни линкови

Казахстан-полицијата убила 6 милитанти


Казахстанската полицијата во најголемиот град Алма -Ата убила шест милитанти кои беа осомничени дека застрелале двајца полицајци. Во саботата тројца вооружени луѓе убиле еден полицаец, тешко повредили друг и им го земале оржјето. Полицијата беше во потрага по напаѓачите, а вчера се судри со вооружени лица во една зграда во Алма-Ата. Полицијата претходно ги евакуираше станарите на зградата. Во престрелките биле убиени шест припадници на вооружената група, а во нивниот стан било пронајдено оружје и муниција.
XS
SM
MD
LG